На 07.06.2023 во 21.40 часот на улица „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишија од слобода 52 годишно лице од Струга. При преглед во патничко возило, во кое бил била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој беше задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид