„Денес стигнавме до последниот од 5 те закони и тоа е законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за инфраструктурните коридори 8 и 10 Д. како по овој така и по останатите закони имавме многу прашања за кои не добивме одговор бидејќи некој решил да стави европско знаменце и истите без дискусија да се донесат со брзина на светлината“, нагласи пратеничката Лидија Петкоска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.
Пратеничката Петкоска нагласи дека со досегашните закони биле заобиколени законот за градење, за урбанистичко планирање, законот за работни односи, а со овој закон денес се заобиколува и законот за акцизи.
„Со досегашните закони беа заобиколени законот за градење, за урбанистичко планирање, законот за работни односи, а со овој закон се заобиколува и законот за акцизи. Дали под закрилата на овој закон ќе се увезат и луксузни возила за фирмата кои ќе можат да се возат без давачки и која е таа фирма која ќе биде над сите граѓани и компании во Македонија па да може да си увезува колку сака возила било да се патнички пикап итн. Приватна компанија ќе има ексклузивно право да ги увезува наведените возила без никакви давачки., наместо овие средства да останат во буџетот“, истакна Петкоска.
извор: ВМРО ДПМНЕ