АктуелноОхрид

(ФОТО) Евидентирана нова пропаст во Нaционалниот парк Галичица со најголем број лилјаци од видот мал потковичар

Во текот на спелеолошките и биоспелеолошките испитувања во пештерите на Галичица, коишто се спроведуваат во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, евидентирана е нова пропаст, Кларова Пропаст.


???? Кларова Пропаст е лоцирана на Преспанската страна од Галичица. Длабока е 20 метри и е богата со пештерските украси сливови и корали. Во пропаста живее лилјакот мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) кој е еден од најмалите лилјаци кај нас. Видот е категоризиран како близу загрозен (NT) според Европската Црвена листа на загрозени видови. Изброени се 50 единки од овој лилјак.


???? Спелеолошките и биоспелеолошките испитувања во пештерите на Галичица ги спроведува експертски тим од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје. Целта на истражувањата е конзервација и заштита на пештерските екосистеми од негативните ефекти на климатските промени.
???? Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ го спроведуваат Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Национален парк Галичица.

 

Црвен крст Охрид