АктуелноОхрид

Соопштение за споменот на Светите Кирил и Методиј

Ве известуваме дека на денот кога Православната Црква го слави споменот на Светите Рамноапостолни сесловенски Просветители духовните наши родоначалници, Солунските Браќа Кирил и Методиј, во среда, на 24 мај, со почетокот во 9:00 часот, ќе се отслужи Света архијерејска Литургија во бигорскиот скит посветен на солунските Браќа во с. Битуше, на која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со архимандритите и јеромонасите од нашата света Обител. Во храмот кој сè уште се наоѓа во фаза на изградба и оваа година молитвено ќе се собереме, за да испросиме од Бога и од Светите Браќа благослов и поскоро завршување на нивниот нов дом.

На Светата Литургија ќе присуствуваат сите монашки заедници под духовно раководство на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, односно братството на Бигорскиот Манастир и сестринствата од Рајчица, Пречиста и Кнежино.

Христос Воскресе!

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител