АктуелноОхрид

Полицијата пронајде бела прашкаста материја кај лице од Охрид

На 21.05.2023 година во 03 часот, полициски службеници од одделението за борба против дрога и оружје при СВР Охрид, од слобода лишија 33 годишен охриѓанец. При преглед претходно извршен во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“, кај него, пронајдена и одземена е бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид