На 19.05.2023 во 18.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосница од улиците.„Железничка“ и „Абас Емин“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 47 годишен охриѓанец и мотоцикл „априлија“ со германски национални ознаки, управуван од 39 годишно лице од Охрид. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид