Охрид

170 учници ги завршија почетните бесплатни курсеви за различни програмски јазици

Нашите обуки се доближија до крајот. После три месеци (почнавме на 13 февруари 2023), 170 ученици од основните училишта од Охрид, Струга и Дебрца ги завршија почетните бесплатни курсеви за различни програмски јазици Scratch, Python, C++, и за WordPress и Microsoft Word. Голема благодарност до Macedonia2025 @macedonia2025 што ни беа партнери и ги овозможија обуките. И посебно им се заблагодаруваме на наставничките Горица Дуцкиновиќ, Лизана Зиба и Марија Пупиноска Гогова што се посветија на обуките и сите деца останаа до крај на обуките. Визијата на Касарна Хаб е овие обуки да продолжат и понатаму, од септември, за што ќе ве информираме на сите кои сте оставиле емаил, и секако преку ФБ и инстаграм