АктуелноОхрид

Плоштадот кај Чинарот чека одобрение од УНЕСКО

Плоштадот Крушевска република ќе добие нов лик, но се чека одобрението од УНЕСКО.

Во меѓувреме се подготвува просторот. Се отстранува фонтаната на плоштадот. Граѓаните признаваат дека  фонтаната одамна требаше да се отстрани, затоа што го „нагрдувше“ изгледот на плоштадот.  По отстранувањето на фонтаната и додека се чека одобрението, плоштадот ќе се приспособи за летниот период.

Инаку плоштадот „Крушевска Република“ според проектот ќе добие нов и модерен изглед, со нова урбана опрема, канделабри, осветлување со лед светилки, фонтана, садници и клупи, канти за отпадоци. Од страна на НУ „Завод и музеј“ Охрид претходно беа спроведени археолошки истражувања во насока на утврдување дали и каков археолошки материјал има, со цел добивање одобрение за реконструкција. Директорката на Завод и музеј Охрид, Катерина Велковска за Охрид 1 вели дека минатата година се направија сите истражувања на плоштадот и може да се започне со реконструкцијата. Додава дека без никаков проблем може да се направи партерно уредување на просторот.

Инаку Пецаков, неодамна најави многу проекти за поубав Охрид, дел од нив веќе се заполнати а дел ќе се спроведат во следниве месеци. Во најавата од градоначалникот се проекти во образованието, културата, спортот и екологијата, како и уште повеќе инфраструктурни проекти во канализации, асфалтирање и поплочување.

 

извор: Ohrid1.com