Во рамки на чествувањата по повод одбележување на годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, денес делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе пред неговата спомен- биста во градскиот парк.
Делегација на општината присуствуваше и на панихидата и се поклони на гробот на познатиот охридски револуционер во Цер – Кичево.
Деновиве со културно уметничка програма ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.