АктуелноОхрид

(ФОТО) Охрид го добива најновиот најголем брод

Се зголемува бродската флота во Охрид.  Се привршуваат активностите за најновиот најголем  брод кој ќе биде уште едно обележје на Охрид и кој се градеше  три години.

Дознаваме дека станува збор за брод – катамаран, со универзална намена што ќе ја збогати туристичката понуда на Охрид.  Изградбата на новиот брод  до неодамна се одвиваше во затворен простор – хангар, од каде со специјално возило и механизација деловите на бродот беа пренесени во населбата Воска, во близина на стадионот Грашница, каде и се одвиваат завршните работи.

Новиот брод ќе може да опслужува до 250 патници.

фото: Охрид 1