На 12.04.2023 во 16.30 часот на локален пат во струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го лишиja од слобода лицето на (45)години од Охрид. При преглед кај него и во возилото „нисан“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и шприц со непозната материја.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.