АктуелноОхрид

Кривична пријава за жител од Октиси – со употреба на копија од клуч ограбил соселанец

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 44 годишен жител од струшкото село Октиси поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Тој, на 05.03.2023 со употреба на копија од клуч влегол во домот на 62 годишен жител од истото село и одзел 5700 евра и 800 швајцарски франци. По преземени мерки од полициски службеници, парите биле пронајдени и вратени на оштетената.

извор: СВР Охрид