четврток, ноември 14, 2024
Охрид

(ФОТО) Доделени хуманитарни пкети со прехрамбени производи на 30 семејства од Охрид и Дебарца

Во пресрет на Велигденските празници, а како израз на висока општествена одговорност и хуманост, традиционално и оваа година членовите на ОСМТГ Командерија Св. Наум Охридски – Охрид во соработка со Црвен крст Охрид, денес доделија хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена на 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца.
❤️ Изразуваме благодарност до ОСМТГ Командерија Св. Наум Охридски – Охрид за соработката и воедно ги охрабруваме нашите сограѓани, фирми, компании да бидат хумани и ја покажат својата општествена одговорност помагајќи им на социјално ранливите категории на граѓани.