Охрид

Членовите на ОСМТГ Командерија Св.Наум Охридски-Охрид во соработка со Црвен крст Охрид ќе доделат хуманитарни пакети

Во пресрет на Велигденските празници, а како израз на висока опстествена одговорност и хуманост, традиционално и оваа година членовите на ОСМТГ Командерија Св.Наум Охридски-Охрид во соработка со Црвен крст Охрид, ќе доделат хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца.

Настанот ќе се реализира денес, 12.04.2023 г., во 12 ч. пред седиштето на Црвен крст Охрид.