вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Советниците со 16 гласа ЗА дозволија поставување урбана опрема на државно земјиште

Советниците на денешната дваесет и шеста седница на советот на општина Охрид  со 16 гласа ЗА, дадоа зелено светло за Предлог-програмата за измени и дополнувања на програмата ЈН урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година и Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за 2023 година во општина Охрид.

За овие точки гласаа и советниците од опозицијата. Со оваа одлука се регулира уредувањето на брегот, а според издадените мислења кои ги добила Локалната претходно, согласност дале сите релевантни институции , меѓу кои и Завод и музеј на Град Охрид.

 

извор: Охрид 1