АктуелноОхрид

(ФОТО) Продолжуваат активностите во насока на целосно реновирање на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид

Конструирана е нова, современа топлотна пумпа за ефикасно и економично затоплување на просториите во училиштето.
Во тек е хортикултурно и пејзажно уредување на училишниот двор и училишната Зелена градина која ќе добие комплетно нов изглед. Покрај целосно реконструираната фасада на училишната зграда во тек е и реконструкција на фасадата на училишната спортска сала.
Извршена е целосна промена на електричната инсталација во училиштето, вградени се внатрешен противпожарен и алармен систем и надворешна противпожарна хидрантска мрежа со што се подигнува степенот на безбедност во училиштето.
СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј“- Охрид ????