понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

Соопштение – Благовештение

Бигорската Свештена Обител и овој пат ве поканува заедно да го прославиме Празникот на почетокот на нашето спасение – Благовештение на Пресвета Богородица, со сеноќно благодарење, песнопеење и славословење. На денот кога ја славиме сечесната објава за овоплотувањето на Бога Словото, затоа што Синот Божји во тој ден стана Син на Дева, во свештената Бигорска Обител ќе се отслужи:

четврток, 6 април 2023 – 20:00 ч.
– Сеноќно бдение –
Напомнуваме дека Божествената Архиерејска Литургија ќе следува веднаш по сеноќното бдение во раните утрински часови, без пауза по бдението, и со неа ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со јеромонасите и јероѓаконите од нашата света Обител.

Благослов да присуствуваат на бдението имаат сите оние кои молитвено сакаат да го прослават Господовиот и Богородичен празник на Благовештението.

 

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител