вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Во акција на МВР кај патарината Тетово користени цивилни возила со охридски и струшки регистарски ознаки

Полициска акција на патарината кај Тетово. Пред 7 часот полицијата извела акција на патарината на излез од Тетово во која според јавувањата на нашите читатели се слушале и истрели, за кои не се знае дали се од огнено или сигнално оружје, бидејќи еден од патниците во возилото се обидел да бега.

Возилото ( џип со црна боја ) чии патници полицијата ги апсела било сопрено во моментот кога поминувало на самата патарина. Во акцијата за сопирање на возилото се користеле службени возила на полицијата без полициски ознаки a  со охридски и стршки регистарски ознаки, кои имале само ротациони светла на коровот, што говори дека веројатно полицијата во цивилно возила го следела џипот.

МВР ја потврди акцијата. Портпаролот на МВР Тони Ангелковски за NEWS1 вели:

-Во тек е полициска акција, при што е пронајдена дрога и има приведени лица.

Ангелковски додава дека детали за акцијата МВР ќе соопшти во текот на денот.

фото: PRTSC