АктуелноОхрид

Нивото на водата во Охридското Езеро покачено за четири сантиметри, но уште е далеку под просекот

Благодарение на врнежите дожд изминатите седмица водостојот на Охридското Езеро порасна за четири сантиметри, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината.

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,25 метри надморска височина, што е за 24 сантиметри пониско од просекот за март.

Иако изминатата седмица имаше врнежливи денови, генерално временските прилики се се уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој.

Температурата на водата е осум степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 7,8 степени.

извор: Курир.мк