АктуелноОхрид

Приведен 50 годишен жител од Белчишта – во автомобилот полицијата пронашла марихуана

На 10.03.2023 година во 15,20 часот, на улицата ,,Партизанска“ во Охрид, приведен е 50 Годишен жител од селото Белчишта, општина Дебарца. При преглед во автомобил „Алфа Ромео“ со кочански регистарски ознаки, што тој го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле опојна дрога марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид