АктуелноОхрид

Џудо Клуб Дрим и Порака Нова од Струга развиваат инклузивна џудо програма со партнери од Србија и Романија

Од 9 до 14 февруари 2023 година во рамки на проектот Џудо за сите (Judo4All) поддржан од Европската Унија, се одржа Зимскиот интернационален и инклузивен џудо камп во Србија, Крагуевац, Равни Гај, чиј домаќин беа партнерите од џудо клубот Макикоми каде присуствуваа учесници од сите земји-партнери на проектотМакедонија, Романија и Србија. Како лидери на проектот од џудо клубот Дрим Струга, заедно со партнерите од Порака Нова, Makikomi и Asociatia Judeteana de Judo Mehedinti се приклучија со своите тимови (14 учесници по партнер, од кои 3 лица со интелектуална попреченост).

Повеќе од +40 учесници присуствуваа, а програмата беше поделена на 2 дела, редовни тренинзи за џудо и работилници за инклузивно џудо. Тренинзите за џудо ги реализираа искусни џудо тренери од Македонија, Србија и Романија, а инклузивните работилници ги водеше Порака Нова со посебна програма во чии интерактивни сесии се обрнуваше внимание за свесноста на инклузија та во спортот и како тој може да биде достапен за сите преку креирање на инклузивните техники. Па така, последниот ден обучувачите заедно со џудо тренерите и учесниците креираа адаптирани џудо техники кои подоцна ќе бидат запишани во прирачник, чија цел ќе биде да се промовира инклузијата во џудо и да му даде насоки на сите џудо клубови кои сакаат во иднина да вклучат лица со попречености во нивниот тим. Сесиите беа приспособени според целните групи и потребите на учесниците, така што сите беа мотивирани да земат активно учество во целиот инклузивен процес.

Вклучувањето и инклузивноста во спортот не е само учење на лицата со попреченост како да се занимаваат со спорт, туку да работиме подеднакво со нив, ги поддржуваме и правиме да се чувствуваат како дел од групата, дел од целиот процес.

Следниот настан во рамки на овој проект е закажан за ова лето во Струга, Интернационалниот и инклузивен џудо натпревар, предводен од Џудо Клуб Дрим Струга.