петок, ноември 22, 2024
АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Адвокатот на одбраната: Случајот е целосно исполитизиран

Адвокатот Димитрија Цобоски кој го застапува Илија Спасески кој е обвинет дека поради национализам го натепал Христијан Пендиков кој се произнесува како Бугарин, тврди дека тоа не е точно.

– Како може да биде напад поради омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази било кого. Сега размислете дали може да биде омраза или на ова се дава еден политички акцент, призвук кој се исполитизира до страшни граници. Ова е чисто политичка работа – рече по одложувањето на рочиштето Цобоски.

фото: Охрид 1