АктуелноОхрид

Кривична пријава за жител од с.Лисичани кој измамил охриѓанец, нудејќи му пелети за огрев

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49 годишен жител од с.Лисичани, општина Пласница, поради постоење основано соменние за сторено кривично дело „измама“. Тој, со лажно прикажување, довел во заблуда Охриѓанец и му понудил пелети за огрев. Потоа, му испратил и две фактури, кои оштетениот ги платил во вкупен износ од 327.712 денари, но не ја добил нарачката.

 

извор: СВР Охрид