Левица како продолжена рака на СДСМ стана главен ширач на лаги и дезинформации мислејќи дека така ќе биде поинтересна за охриѓани.
Опседнати со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Д-р Кирил Пецаков на безобразен начин со навреди и клевети се обидуваат да ги нарушат угледот на Директорката и ОСУ ,,Свети Климент Охридски“. Но, фактите говорат дека во Гимназијата ниту се укинати малите одмори помеѓу часовите, ниту е вистина информацијата за недисциплина на учениците, се вели во реакцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост:
Политичкиот центар за лаги Левица пред да објави нешто треба најпрвин истото да го провери, а во конкретниот случај не постои никаква Одлука донесена од страна на Гимназијата.
Ако толку се сигурни тогаш јавно ја повикуваме советничката Виолета Аврамоска да ја објави Одлуката, која не постои, и ако има малку доблест ќе им се извини и на учениците и на раководството.
Аврамоска како вистински циркузант крајно време е да престане да прави претстави, затоа што токму за таквите лаги само се расправа со кривични пријави.
Ѝ порачуваме партиските препукувања да си ги зачува за себе, да не ја понижува советничката функција и да ги тргне рацете од образованието.
Охриѓани ја гледаат неспособноста на советничката која секојдневно ги навредува без нималку срам иако е платена токму од нивните пари.
Убаво ќе беше фолирантите од Левица да ја забележат преродбата во Гимназијата, но за жал ништо не напишаа за промените и инвестициските зафати што се одвиваат со цел да се подобри воспитно-образовниот процес.
Ако некој е олицетворение за погрешни директорски решенија тогаш тоа е Левица затоа што има измерено дека Македонија вреди 5 директорски места.
Левица ги кочи проектите и работи на штета на охриѓани, но ние продолжуваме да реализираме проекти посветено и одговорно.
извор: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид