Пронајден е 76-годишниот охриѓанец по кој семејството и полицијата трагаа неколку денови,потврдуваат од СВР Охрид.
Ловџии утрово во шест часот ја виделе колата во провалија кај Ванатино, по што веднаш пријавиле во полиција.
Теренот бил толку непристапен каде што пропаднал со автомобилот што полицијата и медицинските лица едвај се спуштиле до местото на несреќата. Дознаваме дека докторот при слегување ја скршил ногата.
Ловџии во провалија ја пронашле колата и охриѓанецот по кој се трагаше деновиве