АктуелноОхрид

(ФОТО) Над 400 капачи, најсреќен Васко Довлев

Васко Довлев од Варош беше најсреќниот меѓуповеќе од 400 капачи кои денеска на Богојавление-Водици скокнаа во водите на Охридското езеро по осветениот крст. Васко беше даруван со подароци од митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј.

Силниот ветар и водата која имаше 9 степени не ги поколеба верниците, а настанот беше прилично посетен како што тоа е обичај во Охрид.

-Денеска денот го започнавме со присуство на Богослужба во црквата Св. Никола Геракомија.
Годинава најсреќен помеѓу капачите беше Васко Довлев кој го фати Светиот крст.
Осветувањето на водите во Охридското езеро го изврши неговото Високопреосвештенство Митрополит дебарско кичевски Тимотеј.
Чествувањето на големиот празник Богојавление Водици продолжува на Градскиот плоштад со настап на Чалгија саунд систем.
Бог се јави!
За многу години, напиша на својот ФБ профил градоначалникто Кирил Пецаков.

фото ФБ Кирил Пецаков