На 10.01.2023 во 20.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар од плинска боца во куќа на ул.„Даме Груев“, во која живеел (54) годишен жител од Охрид.
Пожарот е изгаснат од страна територијалната противпожарна единица, а лицето се здобило со повреди, поради што е пренесен во Медицински центар Охрид за укажување на лекарска помош. Увид изврши екипа од СВР Охрид.