АктуелноОхрид

Полицијата изврши разговор со осомничениот кој со ловечка пушка усмртил седум кучиња скитници

На 10.01.2023 во 17.15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, извршен е службен разговор со 62 годишен жител од селото Ливада, струшко. Тој се сомничи дека во периодот од 06.45 до 07.15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници. Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид