Охрид

Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО, го објави конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор, до 35 години.

Конкурсот трае до 21 февруари 2023 година, до кога сите книги и пријави треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, или во електронска форма, според условите наведени подолу.

Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2023 година.

Услови за учество на конкурсот за наградата се дебитантски книги на млади поети под 35 години и дебитантските книги да се издадени во претходните две години, 2021 и 2022-ва.

„Кандидатите треба да испратат 3 копии од книгата со која конкурираат на конкурсот, како и најмалку 7 песни од истата книга преведени на англиски јазик на поштенската адреса на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 111, 6330 Струга, Република Северна Македонија) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки. Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 21 февруари 2023 година. Освен 3 копии од книгата (во печатена и во електронска форма), англиски преводи на 7 песни од истата книга, кандидатите треба да испратат и кратка биографија на англиски јазик. Апликацијата треба да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: struga@svp.org.mk (заради дополнителна сигурност, потребните документи треба да се пратат и на spefestival@gmail.com) Исто така, кандидатите треба да го испратат ISBN бројот заедно со потребните материјали“.

 

mkd.mk