Хотел ,,Силекс”- Охрид беше и остана угостителско – туристички бренд во Охрид каде големите прослави по повод празниците се организираат на посебен начин, со богати трпези, многу внимание кон гостите и со богати музички програми. Така беше и за Дочекот на Новата 2023 година каде престојуваа многу гости од Р. Србија и домашни гости од многу градови на Македонија. Големиот уметник Влатко Миладиноски и оркестарот на маестро Златко Миладиноски направија голема и спектакуларна забава, а точно на полноќ гостите со трубачи и голем огномет на отворениот базен од хотелот ја дочекаа Новата година. Убаво е да се слушнат и споделат позитивни информации од угостителско – туристичката индустрија која последниве години се соочува со големи предизвици. Да се надеваме дека 2023 ќе биде подобра за сите. Уживајте во видеата во прилог.
извор: Охрид 1