четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Се „распадна“ заштита на чинарот, од Општина Охрид велат:„Набавен е панел со нова кора и деновиве ќе се санира“

Временските непогоди, силниот ветар и обилен дожд ја „распадна“ заштитната обвивка на Чинарот.

Чинарот е прогласен на природна реткост. Управувачко право има Општина Охрид, а за негово одржување надлежно е ЈП Охридски Комуналец.

-Од страна на надлежните од Општина Охрид и ЈП Охридски Комуналец воочени се оштетувањата на панелот настанати се од невреме или човечки фактор. За таа цел контактиран е проф. др. Јане Ацевски од Шумарскиот факултет од Скопјем –  Професорот кој ја работеше санацијата и реставрацијата на Чинарот . Набавен е панел со нова кора и деновиве ЈП Охридски комуналец со стручна помош од професорот ќе ги санира оштетувањата“, велат од Општина Охрид.

 

Во старото со векови дрво, изрежана е вредна историја. Според преданијата,него го засадил лично Свети Климент во првата половина од деветиот век. Охридскиот Чинар се смета за најстаро дрво во земјата. Вековитиот паметник на градот отсекогаш бил сврталиште на охриѓани и е од огромно значење за Охрид..

видео: Охрид 1