АктуелноОхрид

Божиновски: Општина Охрид е ваш пријател и тука сме за секаква поддршка на активностите на ИПА Охрид

Имав чест по вторпат да присуствувам на ново полициско збратимување овојпат на потпишување Повелба за соработка и збратимување помеѓу Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид – Република Македонија и Интернационалната полициска асоцијација, регион Егнатија – Република Албанија, напиша на својот ФБ профил Перчо Божиновски.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

На свеченоста во поздравното обраќање како претставник од Локалната самоуправа истакнав дека Повелбата за збратимување е доказ за меѓусебното разбирање, желба и потреба за кооперативност, заемно помагање на двата ИПА региона и двете национални секции на сите нивоа, со цел ширење на ИПА идеите и доказ за билатералната меѓународна професионална ИПА полициска соработка. Тоа е чекор плус кон подигнување на степенот на безбедноста во нашите средини и пошироко.
Соработувајте, почитувајте се меѓусебно, давајте го максимумот за јакнење на вашите секции и региони, посветено работете во интерес на вашите ИПА членови и пријатели, јакнете го ИПА семејството, личното пријателство, личниот и професионалниот интегритет, духовниот, културниот и општествениот развој на нашите општества и држави.
Општина Охрид е ваш пријател и тука сме за секаква поддршка на активностите на ИПА Охрид кои се значајни за охриѓани, за нас како Локална самоуправа, но и и за пошироката заедница.
Честитки за сите присутни и вклучени во реализацијата на оваа соработка.
Претседателот на ИПА регион Охрид, м-р Стефан Димоски, во своето обраќање рече дека ИПА Охрид, ја цени и почитува покажаната поддршка од Општина Охрид и градоначалникот Пецаков и дека тоа е уште еден мотив повеќе, ИПА Охрид посветено да работи во интерес на сите полициски службеници – ИПА членови, но и на граѓаните на градот Охрид.
SERVO PER AMIKECO!

Извор: ФБ перчо Божиновски