Младинците на ГРК „Охрид“ на домашен терен стигнаа до убедлива победа над екипата РК „Еурофарм Пелистер“ од 33:21 (21:8), во натпревар од 9-тото коло.
– Најдобар поединец на натпреварот со кој заврши есенскиот дел од сезоната беше Јулијан Матески со постигнати 12 гола. Младинците на ГРК „Охрид“ грабат кон 1/4 финалето, потенцираат од клубот.
извор: ОхридПрес