АктуелноОхрид

Шест членови на Пливачкиот клуб „Акваспринт“ од Охрид ќе настапат на Националното зимско првенство

Во организација на Националната пливачка федерација на Република Македонија, викендов во базенот „Карпош“ во Скопје ќе се одржи Национално зимско првенство на кое ќе пливаат и претставници од Пливачкиот клуб „Акваспринт“ од Охрид, објави ОхридПрес.

– Денеска и утре, нашиот клуб ќе настапи со шест пливачи. Условите и околностите можат да бидат ограничени, но желбата и ентузијазмот кај нас се неограничени. Сигурни сме дека Славчо, Теодора, Ања, Симеон, Предраг и Милан ќе дадат се’ од себе. Да им посакаме успех, порачаа од клубот.

Од Националната пливачка федерација информираат дека во овој дел ќе се пливаат следните дисциплини: 50 метри слободно, 100 метри делфин, 200 метри градно, 400 метри мешано и 4×50 метри слободно.

– Влезот на базенот е затворен за публика па поради тоа ќе се влегува од доцните влезови кај соблекувалните, потенцираат од Националната пливачка федерација, од каде во соработка со Олимпискиот комитет на Република Македонија обезбедија можност за следење на трките и резултатите во живо.

извор: ОхридПрес