АктуелноОхрид

СВР Охрид со детали за синоќешната сообраќајка на крстосницата на улиците „Никола Карев“ и „АСНОМ“

На 14.12.2022 околу 19.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосница на улиците „Никола Карев“ и „АСНОМ“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (71) година , удрило во пешак на возраст од (76) години , двајцата од Охрид.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

 

 

свр