АктуелноОхрид

Четири години од смртта на градоначалникот, проф. д-р Јован Стојаноски

Денес се навршуваат четири години од прераната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.

Стојановски за градоначалник беше избран во октомври 2017 година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид. Беше носител на советничката листа на локалните избори во 2013-та година и координатор на советничката група на здружената опозиција во периодот 2013-2017 година.

Пред да стане градоначалник, Стојановски работеше како професор по економски науки и доктор по Меѓународен туризам и Маркетинг менаџмент. Долги години предаваше на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, каде извесен период беше во деканската управа на установата. Охриѓани го паметат како добар и почитуван професор, секогаш насмеан и подготвен секого да сослуша и да помогне. Беше оженет и татко на две деца.