АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: СДСМ дозволува криминал со незаконско сечење дрва во НП „Галичица“ и класичен непотизам

Со централната власт на СДСМ и нивните директори имаме непочитување на законите, уништување на природата и злоупотреба на функциите за лични цели, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

Со амин на СДСМ, лице вработено во ЈУНП „Галичица“ на позиција шумар ја злоупотребува службата и подолг период дозволува сечење дрва во сопственост на Република Македонија.
Зошто се премолчува пустошењето на националниот парк „Галичица“?

Што треба да се случи за надлежните да преземат нешто знаејќи дека лицето и претходно е пријавено за злоупотреба за службената позиција?

Ги повикуваме Шумската полиција, СВР Охрид и Инспекторатот за шумарство како одговорни органи да преземат соодветни дејствија и да го расветлат случајот.

Покрај тоа вработениот на дрзок начин врши огромен притисок за вработување на негов близок иако не ги исполнува критериумите.
Трудовата инспекција да постапи согласно законот и да се произнесе за ваквиот скандалозен непотизам.

Со власта на СДСМ се случува класичен криминал и типичен непотизам.
Зошто органите на прогонот две недели молчат и не сакаат да се отвори истрага?
Очигледно е дека власта сака да го прикрие случајот и свесно молчи за криминалот во ЈУНП „Галичица“.

Со СДСМ владее само беззаконие и цвета криминалот.

извор: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

фото: Архива