АктуелноОхрид

Повредено едно лице во сообраќајна несреќа на локалниот пат Мислодежда- Драслајца

На 10-ти декември 2022 година, во 12:20 часот, пријавено е дека на локален пат помеѓу струшките села Мислодежда и Драслајца се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишниот О.В. од селото Велешта и патничко моторно возило „Ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Н.М. од селото Делогожда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., констатирани од лекар во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.