четврток, март 28, 2024
АктуелноОхрид

Уште еден голем успех на охридските Бреинобреин генијалци

На еден од најголемите интернационални Бреинобреин натпревари, на светскиот БОБ натпревар, кој на 26 ноември 2022 година се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, на кој преку 10000 деца од 44 земји од светот се натпреваруваа во стекнатите вештини и мултитаскинг техниките од БРЕИНОБРЕИН програмата,  сите 6 деца-натпреварувачи кои ја следат БРЕИНОБРЕИН програмата во охридскиот Центар за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, освоија вредни награди и признанија.

Со задоволство Ве покануваме на средба со учесниците на БРЕИНОБРЕИН натпреварот во Дубаи која ќе се одржи на 01.12.2022 (четврток) во 12:30 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, на која ќе бидат изнесени повеќе детали од  натпреварувањето.

 

Црвен крст Охрид