АктуелноОхрид

(ФОТО) На Факултетот за туризам и Угостителство се одржаа семинари под спонзорство на Фондацијата La Foundation pour La Formation Hoteliere од Женева, Швајцарија

На 3 и 4 Ноември во ФТУ Охрид се одржаа семинари под спонзорство на Фондацијата La Foundation pour La Formation Hoteliere од Женева, Швајцарија.

Предавач на семинарите беше проф Д-р. Катерина Федосова од Универзитетот во Одеса, Украина. Таа исто така е експерт од областа на ресторански маркетинг менаџмент и гастрономски дизајн.
Беа присутни околу 35 учесници, менаџери и шефови на кујни од хотелско-ресторанските објекти во Охрид како и професори од Факултетот за туризам и угостителство и професори од средното угостителско училиште во Охрид.

Се запознаа со ресторански маркетинг менаџмент, инженеринг на постојно ресторантско мени, со дизајн на храна и на крај Д-р. Катерина Федосова во кујната на ФТУ пред учесниците подготви forshmak.

За учеството се доделија сертификати од страна на FH Фондацијата.

Инаку ФТУ Охрид веќе 10 години е партнер на FH – La Foundation pour La Formation Hoteliere од Женева, а за првпат во Македонија, Фондацијата ја донесе проф. Д- р. Мирјана Секуловска.
Деканот на ФТУ Охрид проф. Д-р. Снежана Дичевска истакна дека ќе ја продлабочи долгогодишната традиционална соработка со FH Фондацијата, бидејќи како што вели бенефитите се повеќекратни како за професорите, студентите, исто така за менаџерите на хотелско-угостителските објекти и шефовите на кујни во Охрид, со кои ФТУ Охрид има одлична професионална соработка.

 

извор: Охрид 1