АктуелноОхрид

Општина Струга на нова локација, до Мостот на Поезијата

Како што информираат од општина Струга административната зграда се префра на нова реновирана локација кај Мостот на Поезијата.

-Општинската администрација се пресели во новата зграда на улица „Партизанска“  до Мостот на Поезијата. Ве молиме од сега за сите Ваши барања и потреби повелете во новата зграда на институцијата, бидејќи старата зграда во моментов е нефункционална, стои во соопштенитео на Локалната самуправа во Струга.