АктуелноОхрид

Годишен собир на „Википедијанци“ од Централна и Источна Европа во Охрид

Во Охрид од денеска до недела ќе се одржи 11. годишен собир на „Википедијанци“ од Централна и Источна Европа – Wikimedia CEE Meeting 2022. Главен фокус на конференцијата се проектите на Викимедија (Википедија и слични проекти) во земјите и заедниците од Централна и Источна Европа, а ќе учествуваат над 120 „Википедијанци“ од повеќе држави. Собирот се одржува под мотото „Повторно заедно“ и ќе започне со т.н. Learning day, каде ќе се дискутира за креативноста, влијанието на можните и присутни конфликти и стратегијата на работа на „Википедијанците“ од Европа.

 

Радио Слободна Европа