АктуелноОхрид

Недвижностите поскапеле за 21,2 отсто, а во Охрид станбен квадрат на крајбрежјето стигна до 3 илјади евра

Рекорден раст на цените на недвижнините во третото тримесечје од годинава. Недвижностите поскапеле за дури 21,2 процентни поени на годишно ниво. Ваков раст не е регистриран во последната деценија, односно од бумот во 2009 година. Поскапувањето што на квартално ниво го објави Народна банка е историско и ако се споредува со претходните шест месеци, објави vecer.press. 

А статистичките податоци само го потврдуваат она што се случува на пазарот на недвижности, и тоа не само во Скопје, каде што квадратен метар стигна до 2.000 евра. На Водно и во Центар, станбениот простор е и нешто поскап. И Охрид не заостанува зад Скопје во трендот на раст на цените на недвижностите. Квадратен метар станбен простор во Охрид во новоградбите во централното градско подрачје достигнува и до 1.800-1.900 евра, а покрај крајбрежјето – и до неверојатни 3.000 евра. И покрај вртоглавите цени, од тамошните агенции за недвижности велат дека побарувачка има.

Висината на цените на становите не зависат само од локацијата туку и од цената на градежните материјали, глобалната криза и од актуелните домашни фактори. Анализата на интернет-порталот „Глобал проперти гајд“ потврди дека во Македонија цените на недвижностите растат, додека, пак, низ светот паѓаат. Порталот објави податоци за вториот квартал од годинава дека недвижностите се поевтини на годишно ниво во дури 24 земји, а во 34 се поскапи. Според анализата, освен во Македонија, цените се зголемиле за 7-9 проценти и во Исланд, Словачка, Португалија и во Холандија.

Во вториот квартал, цените пораснале на Исланд, Словачка, Португалија, Холандија и во Македонија, каде што се зголемиле за 7-9 отсто.

Текстот во целост на: vecer.press.