АктуелноОхрид

Доделени пехарите за најдобрите на 11. издание на „Фер Плеј Куп 2022“

Имав чест да се обратам и да ги доделам пехарите на победниците на 11-тото издание на ,,ФЕР ПЛЕЈ КУП” – 2022, турнир за млади категории во фудбал, на големиот терен на СРЦ „Билјанини Извори“ и теренот со вештачка трева.
⚽️Турнирот кој е поддржан од Општина Охрид е вистински празник на фудбалот каде главна улога имаа најмладите фудбалски надежи, 1700 дечиња од Македонија и уште 6 други држави, во 6 возрасни категории.
🥇Од името на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и од мое лично име им честитам на организаторите ФК ,,ФЕР ПЛЕЈ” за успешната организација како одлични домаќини, како и на наградените и сите учесници на турнирот.
⚽️Со фудбалот се поттикнуваат натпреварувачкиот дух, тимската работа и истрајноста.
⛳️Спортот ги учи најмладите да ги почитуваат правилата на игра и ферплеј кои понатаму треба им помогнат во животот.
🗣Општина Охрид и во иднина има да продолжи да дава силна поддршка за реализација на спортски настани кои се вистински магнет и начин за развој на спортскиот туризам, нашиша во својата ФБ објаа советникот Перчо Божиновски.