петок, март 29, 2024
АктуелноОхрид

Шампионска кражба во Охрид – струмички музичари украле теписи од хотел каде свиреле на свадба

Музиканти од Струмица кои имале ангажман во хотел во Охрид, кога ја собирале музичката опрема ги украле и теписите. Заедно со опремата ги ставиле во комбето.  Оваа кражба била евидентирана на видео надзорот.  Менаџерите на хотелот им кажале дека имаат видео доказ дека ги украле теписите  и доколку не сакаат да ги пријават во полиција истите веднаш да ги вратат.

Така оваа шампионска кражба остана не пријавена во СВР Охрид, а теписите се повторно на своето место.

извор: Охрид 1