АктуелноОхрид

Приведен охриѓанец, се сомничи дека со помош на трето лице на сила во возило внело 25 годишно лице по што физички го нападнале

На 16.09.2022 година полициски службеници во СВР Охрид, лишија од слобода 23 годишен жител од Охрид. Тој се сомничи дека на 14.09.2022 со уште едно лице, во селото Велгошти со употреба на сила внеле 25 годишно лице во возило, по што го однеле во село Рамне каде физички го нападнале. По целосно документирање на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид