Босанскиот интернационалец Дејан Шешиќ, е ново име во ростерот на ГРК Охрид. Дваесет и шест годишниот левак кој игра на позиција десен бек, во Охрид доаѓа од француски Анжерс. Претходно настапувал и во Словенија.
-Видов дека Охрид има добра и перспективна екипа која атакува на плејофот. Тука сум на сугестија на Бојаниќ кој ми кажа убави работи за ГРК Охрид. Лигата е интересна, се игра цврст ракомет и решив да ја променам средината. – изјави новиот играч на ГРК Охрид Шешиќ.
Дејан Шешиќ бил на поширокиот список на сениорската репрезентација на БиХ, а претходно играл и за јуниорскиот национален состав во квалификациите за Светско и Европско првенство.
Со неговиот ангажман ГРК Охрид сериозно го зголемува ростерот и добива силно засилување, што треба да придонесе во остварување на целите на клубот оваа сезона, а тоа е висок пласман.
ГРК Охрид