Охрид

Левица по втор пат поднесе иницијатива за двосменско работење на градинките во Охрид

Вчера на 12.09.2022 година, советникот на ЛЕВИЦА, Виолета Аврамоска, до Претседателот на Совет на Општина Охрид, по втор пат поднесе ИНИЦИЈАТИВА за донесување одлука со која од Министерството за труд и социјална политика, советот на Општина Охрид ќе побара воведување на двосменско работно време во детските градинки на територијата на Општина Охрид.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Двосменското работење на градинките е неопходно. Имено, во приватниот сектор, како и во индустријата, работното време се одвива во две, односно три смени, поради што се јавува проблем со згрижувањето на децата, особено на децата од претшколска возраст. Дополнително, овој предлог го поднесувам повикувајќи се на неформалните укажувања, препораки и барања од Министерството за труд и социјална политика, за потребите од двосменско работење на детските градинки.

Со почит,
Левица ЛО Охрид