Се скрши гранка од Чинарот на ул.„Гоце Делчев“ на пресекот со ул „Абас Емин“, населба Кошишта. Во моментов се расчистува теренот.
За потсетување Општина Охрид летово поставиви информативни табли пред сите заштитени чинари и кочеџикот, кои се прогласени за природна реткост.
Овој проект е дел од Програмата за заштита на животна средина и природа, а Одделението за заштита и влијание врз животна средина го реализираше со поддршка на ЈП „Градски Гробишта“.
Информативни табли со основни информации за староста и називот на заштитените стебла се поставени пред чинарите: на плоштадот „Чинар“, во близина на Здружението на пензионери; во населба Воска; пред зградата на Црвен Крст; во Влашка Мала; во населба Кошишта и чинарот кој е во Централното градско подрачје и единечното стебло Кочеџик во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“.
Бидејќи овие дрвја се прогласени за природна реткост забрането е поставување на плакати, летоци и некролози на стеблата и се упатува апел до граѓаните за поголема внимателност и грижа за зачувување на истите.
извор: Охрид 1