На продолжението на 15.седница на Советот на Општина Охрид, координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата, Живка Ангелоска, зборуваше за состојбата на јавните претпријатија согласно изнесените податоци во финансиски извештаи :

Ќе почнам од ЈП ” Водовод” кое бележи зголемен прилив на наплата. Намалени се оперативните приходи за 50 проценти што укажува на послаба корелација со општината во насока кон ангажирање на јавното претпријатие за изградба на нови водоводни линии или реконструкција на постоечките.. Трендот на задолжувањето кон добавувачите продолжува и се зголемува за 50 проценти.
ЈП “Градски Пазар” имајќи ја во предвид дејноста што ја врши, токму во овој квартал треба да покажува најдобри финансиски резултати. Апсолутно е нелогично да прикажувате зголемување на приходите од закуп на тезги споредбено со истиот квартал минатата година а дневната пазаришна такса или дулија да бележи пад во однос на претходниот квартал. Евидентно зголемување на паушалите за членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор од 48 процентни, потоа зголемување на трошоците за репрезентација и службени патувања, зголемување на трошоците за адвокатски услуги – тренд актуелен во повеќето јавни претпријатија.



Нашата заедничка цел треба да биде обезбедување на финансиска стабилност на секое претпријатие како предуслов за добар квалитет на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните.
OO СДСМ Охрид